СТАТУТ НА ЦРВЕН КРСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
С Т А Т У Т
на
Црвен крст на Република Северна Македонија
Општинска организација Кисела Вода
ПРЕАМБУЛА
Иницијативата за формирање на Црвениот крст на Република Македонија е
поднесена на Второто заседание на АСНОМ од 1944 година, а е формиран на 17 март
1945 година.
Самостојно дејствува и работи како националното друштво од 21 мај 1992
година.
Владата на Република Македонија на 25 август 1993 ги потпиша Женевските
конвенции од 12 август 1949 година и Дополнителните протоколи од 1977 година, а
Собранието на Република Македонија на 01 август 2008 година го ратификува Третиот
Дополнителен протокол од 2005 година.
На 26 јули 1994 година на седница на Собранието на РМ донесен е Закон за
Црвениот крст на Република Македонија со кој организацијата на Црвениот крст на
Република Македонија е призната како единствена организација на Црвениот крст на
територијата на РМ за помош на ранливото население и поддршка на државните
институции на хуманитарен план.
Црвениот крст на Република Македонија е признат од Меѓународниот Комитет на
Црвениот крст на 01 ноември 1995 година и е полноправен член на Меѓународната
Федерација на друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина од 27 ноември
1995 година.

